Во тек донаторска акција за набавка на опрема за делчевското Доброволно противпожарно друштво ,,Волонтер”

Во тек донаторска акција за набавка на опрема за делчевското Доброволно противпожарно друштво ,,Волонтер”. Имајки ги предвид пожарите и слабата опременост на доброволното друштво кое досега е активен учесник во справувањето со огнените стихии во делчевскиот регион и пошироко, акцијата и нашата поддршка ќе биде повеќе од добредојдена на друштвото.

Идеја на проектот

ДПД Волонтер започна со обуки за членови и работиме на регуртирање на нови младинци во здружението, но ни е неопходна опрема. Чизми, ракавици одела, гребла, пумпи(напртњачи), радио врски за поефикасно функционирање на здружението

Буџет на проектот

Буџет е предвиден 120.000 денари или околу 2.000 евра, сметаме дека со тие средства можеме да обезбедиме опрема за нашите членови

Временска рамка

1 месец

За организацијата

Доброволното противпожарно друштво ,,Волонтер” е доброволна, хуманитарна, непрофитна граѓанска организација чија основна цел е помагање при гаснење на пожари и спроведување на еколошки акции, хуманитарни акции формирана на 06,04.2022 година Во моментот друштвото има 15 членови и е отворено за прием на нови членови

Цели и мисија

привлекување на нови членови и обука со цел да можеме да интервенираме навремено во справување со пожарите

Повеќе за самата донаторска акција на следниот линк:

https://ecrowd.mk/projects/18a70220-0d87-46eb-b83c-6aa30314809e

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*