
Повторно се активира сметката за донации, по пожарите кои минатата година го зафатија Пехчевскиот регион и Малешевијата. Акцијата е продолжение на иницијативата на Глигор Теохаров, а овој пат меѓуостанатото, со дел од средствата ќе се доопремува новоформираното доброволното противпожарно друштво во Пехчево.
-Сите собрани средства ќе бидат наменети за дополнителна пожарникарна опрема која ќе биде достапна за пожарникарите и доброволците пожарникари во Малешевијата. Би сакал собирањето средства „Моли се за Малешевијата” да стане годишен собир за средства, се вели во објавата по повод реактивирањето на донаторската сметка.
Пехчевци и Малешевци покажаа колку е важно да се биде сплотен и солидарен, со надеж дека така ќе биде и сега, се вели во апелот до граѓаните кои сакаат да се вклучат со свои донации во оваа донаторска акција.
-Им благодариме однапред на сите вас што ќе помогнете со вашата донација, споделувајќи го собирањето средства со вашите пријатели и семејство и секоја друга помош. Господ да ги благослови Малешевијата и Македонија, додаваат организаторите.
Донациите под назив ,,Моли се за Малешевијата” се реализираат преку официјалната платформа за собирање средства на социјалните мрежи.
Средства може да се донираат на следниот ЛИНК
Leave a Reply