Продолжува поддршката за младите таленти Мила Сугарева и Горјан Малешевски по објавата на ЈЛБ ,,Илинден”

Објава на ЈЛБ ,,Илинден”:

Она што го прави ЈЛБ „Илинден“ – Делчево околу поддршката и промоцијата на наши млади луѓе, талентирани и креативни, дава резулати. Со тоа нашата мисија полека се исполнува. Се радуваме искрено!

Веднаш по споделувањето на нашата вчерашна активност кога во холот на библиотеката изложивме слики на наши млади талентирани уметници, Горјан Малешевски и Мила Сугарева, наша сограѓанка воодушевена од нивната желба за цртање и нивната креативност и способност, испрати подароци до нив.

Подароци добија нашите млади уметници, од нашата сограѓанка која живее и работи во Скопје, Катерина Антовска. Секоја чест Кате!

На сите нас кои се залагаме за промоција и ги поддржуваме нашите млади талентирани деца а секако и на самите млади луѓе кои творат и создаваат нешто, многу повеке од подарок им значи тоа што некој се радува на нивниот труд, ги поддржува и мотивира, го почитува тоа што го прават и искрено посакува тие наши талентирани млади да успеат и уште подобро да творат и создаваат.

ЈЛБ„Илинден“ –Делчево, искрено посакува Катерина Антовска да не е последна во низата наши сограѓани кои ги поддржуваат маладите талентирани деца од нашиот град, не само тука и не само сега. Да се обидеме сите заедно да го промениме човештвото преку своите дела.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*