
Во каменичкото село Цера и манастирско-туристичкиот комплекс Еленец, денес се одржува 7-та по ред манифестација Ден на дијапспората. Настанот е во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса” со поддршка на иселениците и Општина М.Каменица, а во рамки на истиот беше организирана Културно-уметничка програма.

-Како и секоја година со исклучок на периодот на пандемијата, КИЦ ,,Романса” е како главен организатор заедно со нашите иселеници од овој крај, а кои се надвор од државата. Во рамки на репертоарот оваа година умаме настап на локалниот Актив Бенд и пејачот Дарко Билбилоски, истакна директорот на КИЦ ,, Романса” Гоце Стојановски.

Директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски кој присуствуваше на настанот, истакна дека во рамки на средбата со градоначалникот на М.Каменица, Димчо Атанасовски размениле искуства и мислења во делот на подобрување на условите на реинтегрирање на иселениците кои сакаат да инвестираат во родниот крај.

-Како Агенција за иселеништво на годишно ниво имаме програми кои ги реализираме, така да оваа средба и финансиски ќе ја поддржиме. Останува исто така понатаму да работиме на тоа сите иселеници кои се заинтересирани, да можат активно да се вклучат во тие програми кои се реализираат од страна на Агенцијата, рече Близнаковски.

Апелираше иселениците активно да ги користат информациите, кои редовно се ажурираат на веб-страната на Агенцијата, со цел полесен пристап до документите за оние кои сакаат да инвестираат во своите општини.

Градоначалникот на Македонска Каменица Димчо Атанасовски додаде дека иако во моментот реинтегирањето на иселениците оди тешко, посочи дека како градоначалник на Општина М.Каменица ќе даде се од себе да допринесе во тој процес.

-Со директорот на Агенцијата за иселеништво Зоран Близнаковски кој денес е овде имаме одлична соработка, можеме да реализираме разни проекти кои ќе бидат од корист и полза не самона иселениците кои што ќе бидат тука туку и на нашите сограѓани, рече Атанасовски.

Иселеникот Стојмир Тасков од село Цера кој повеќе од 25 години со семејството живее во Германија вели дека секогаш е задоволство да се дојде дома на вакви средби, но лошо е што младите луѓе овде немаат егзистенција и затоа се иселуваат се повеќе во последните години.

Во рамки на настанот како резултат на добрата соработка, директорот на КИЦ ,,Романса” на претставниците на Агенцијата за иселеништво и градоначалникот Димчо Атанасовски им додели благодарници, по што се служеше заеднички ручек за присутните.
Leave a Reply