
Зголемен интерес за иницијативата ,,Секое капаче е вредно” во Делчево. Во кампањата која прва ја започна Јавната локална библиотека ,,Илинден” од Делчево денес се приклучија и членови на фолклорната група при Националната установа Центар за култура „Н.Ј.Вапцаров“.
-Огромна благодарност до членовите на Фолклорната група при НУЦК „Н.Ј.Вапцаров”, на кои им порачуваме да продолжат и понатаму да бидат хумани, да помагаат и да прават добри дела. Браво дечки. Бидете пример за другите поединци и институции, истакнаа од ЈЛБ ,,Илинден”.
Собраните капачиња младите играорци денес ги доставија во собирниот пункт поставен во библиотеката во Делчево.
Претходно во рамки на кампањата се вклучи и општествено одговорната компанија Алпин Ком.
Иницијатива ,,Секое капаче е вредно” се реализира како дел од платформата „Активирај се навреме“, а крајната цел е помош за најмалите, односно реконструкција на детските одделенија низ целата држава.
Leave a Reply