Младински планинарски камп во организација на ПСК ,,Голак”

Во Делчево заврши летната основна планинарска школа во рамки на Младинскиот планинарски камп ,,Голак 2022″. Активноста се реализираше преку младинската секција на Планинарскиот спортски клуб ,,Голак”, како дел од програмата на Комисијата за млади при Федерацијата за планинарство на РСМ.

рамки на Младинскиот планинарски камп како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски се разработуваа повеќе теми поделени во теоретски и практичен дел. 

-Во теоретскиот дел беа разработени неколку теми меѓу кои: Планинарство, Ориентација во простор, Метеорологија, Облека и опрема, Прва помош на повреден во планина, Исхрана во планина, Планинарски патеки кои беа ставени на 4 теста со 80 прашања. Школата ја предводеа младинските лидери Магдалена Георгиевска, Вања Ѓеоргиевска и Искра Георгиевска, а истата се одржа во вила Фротирка на 1405 м.н.в. на планината Голак, рече Чучуковски.

Во практичниот дел, меѓу останатото, како што додаде младите практицирале работа со компас (бусола) и карта.

-Практичниот дел опфаќаше и демонстрација на облека и опрема како и ноќно искачување на врв Мала Чавка. Презентирани беа правилата на одење во група, користењето на техничка опрема, начините на одење по хоризонтална ограда со користење на Y-сет како и одење по вертикална ограда со користење Прусик. Меѓу другото планинарите научија како се прават неколку чворови, а им беше демонстриран и патоказ за планинарска патека со сите податоци и димензии, додаде Чучуковски.

Од ПСК ,,Голак” Делчево упатија благодарност до сите спонзори кои помогнаа во реализацијата на Летната основна планинарска школа. Во знак на благодарност за успешно реализираниот младински камп ПСК ,,Голак” на сите учесници им додели Сертификати – Бронзен Рис.

Објавата на Љупчо Чучучовски на следниот линк:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0WEbQvqh8o9RxTSCECk9TsMAxvQm8sXbZz7F7eCBSjjc98o1mEfahUqyVJfcTWc8nl&id=100007800130233

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*