Делчево гордо на првиот Министер за одбрана проф. д-р Трајан Гоцевски и бригадниот генерал Сашко Лафчиски

Делчевците, проф. д-р Трајан Гоцевски и од денес бригаден генерал, Сашко Лафчиски, нè направија посебно горди на овој убав празничен ден, кога одбележуваме 30 години јубилеј на АРМ.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Армијата, Стево Пендаровски, денеска го одликуваше со Орден за воени заслуги првиот министер за одбрана Трајан Гоцевски, а полковник Сашко Лафчиски, досегашен командант на Првата пешадиска бригата на Армијата, денеска со указ од Претстедателот Пендаровски беше промовиран во бригаден генерал.

Делчево има луѓе, заслужни граѓани во современата македонска држава со кои се гордее и се радува на секој нивни успех.

Секоја чест и продолжете гордо и храбро да работите за нашата држава и за нашата иднина!!!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*