PUB Делчево со донација за санирање на штетите од невремето во градинката ,,Весели Цветови” во Делчево

Градинката Весели Цветови од Делчево деновиве доби донација во неопходен материјал потребен за санирање на оштетен дел од кровот од невремето кое не зафати. Донацијата е на општествено одговорната фирма PUB Делчево за што од градинката Весели Цветови јавно изразија благодарност до сопственикот.

-Господине Влатко Величковски, да се биде човек е едно, но да се биде одговорен човек, одговорна и за другите загрижена фирма, посебно за најмалите од градинката тоа не го сака и не го може секој. Од име на дечињата и вработените големо БЛАГОДАРАМ за PUB Делчево и за сопственикот Влатко Величковски. Новата воспитна година благодарение на Вас може да започне безбедно.
И не е прв пат почитуван Влатко Величковски, многупати подавате рака на градинката…единствени сте и незаменливи
ВИ БЛАГОДАРИМЕ, се вели во објавата на Градинката ,,Весели Цветови” од Делчево упатена како благодарност за неопходниот материјал и ребраст лим 50 квадрати кои ќе бидат употребени за поправка на дел од оштетениот кров од невремето кое пред околу два месеци го зафати Делчево, при што ,,оштети” и дел од кровот на ОЈУДГ ,,Весели Цветови”.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*