
Во Делчево реализирани активности во рамки на проектот ,,Поддршка за подобар пристап до поквалитетни услуги за бесплатна правна помош”. Проектот е поддржан од ЕУ и Советот на Европа, а во рамки на истиот како што информираше Маја Атанасовска, Национален консултант на Советот на Европа денес беше направена кратка презентација пред граѓаните на Делчево за законските можности за добивање бесплатна Правна помош.
-Активноста ја реализираме заедно со организациите кои даваат бесплатна правна помош на реонот каде што сме, бидејки одиме во повеќе градови, се обидуваме на граѓаните да им ја доловиме приказната околу тоа каде и на кој начин можат да добијат бесплатна правна помош. Исто така наша заложба е да добијат совет околу бесплатна правна информација, да добијат помош околу пополнување на одредено барање или доколку имаат потреба од адвокат во судска постапка да им биде објаснета процедурата на кој начин можат да добијат адвокат и да поднесат барање, рече Атанасовска.

Активностите како што додаде се реализираа со соработка со претставниците на НВО ,,КХАМ” Делчево како локална организација која помогна во споделувањето на информациите до граѓаните.
-Овој период зависиме од тоа колку самите граѓани ќе бидат охрабрени и ќе бидат во можност да побараат правна помош, бидејки навистина подрачните канцеларии и организациите кои се регистрирани да даваат бесплатна правна помош, навистина се тука за граѓаните да им ја пружат помошта која следува, додаде Атанасовска.

Ги охрабри граѓаните да ги пријавуваат своите проблеми во рамки на подрачните канцеларии во организациите кои се регистрирани за пружање на оваа услуга.
Видео прилог: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/772264317254956/
Leave a Reply