
Започнува постапката за реконструкција на улицата „Ванчо Прке“ во Делчево која е една од најоштетените во населбата Втори Реон. Активноста ќе се реализира со средства обезбедени од Декадата и Стратегијата на Ромите, за чија реализација денес Општина Делчево ја објави јавната набавка за реконструкција на улицата во должина од 223 метри.
-Улицата „Ванчо прке“ ќе се реконструира со обезбедени парични средства во висина од 2,3 милиони денари од комбинирани извори и тоа: од Владата согласно со Одлуката за распределба на средства од Буџетот за 2022 година наменети за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите и врз основа на склучен Договор за меѓусебно регулирање на правата и обврските во однос на извршена исплата на финансиски средства склучен помеѓу градоначалникот и Министерот за транспорт и врски, информираа од Општина Делчево.
Владата за реконструкција на улицата ќе доделува 1,4 милиони денари на Општина Делчево, а Општина Делчево учествува со парични средства во износ од 870 илјади денари.
-Општинските средства се обезбедени од Буџетота 2022 година, а јавното отворање на понудите кои ќе се пријават на јавниот повик ќе се одржи на ден 12.09.2022 година во 9:00 часот, додадоа од Општина Делчево
Со реконструкцијата на улицата „Ванчо Прке“ очекуваат да се реши актуелниот проблем со оштетеноста на коловозот и ударните дупки, да се подобри безбедноста во сообраќајот на учесниците, како и квалитетот на живеење на населението од ромска, македонска и турска етничка заедница која живее на улицата и во овој дел од населбата.
Leave a Reply