Општина Берово го најавува Етно Плоштад Фестивал 2022

Во Општина  Берово по пауза од две години ќе се одржи го Етно Плоштад Фестивал. Фестивалот ќе биде во траење од три дена, во чии рамки како што истакнаа на прес конференцијата од Општината ќе настапат познати македонски музички имиња.

-Интензивно се работи на последните подготовки на еден од најдобрите и најпосетените културни настани во источниот регион кој ќе се одржи во периодот во  26 до 28.08.2022 година. Свеченото отварање е во петок од 19:00 часот на сцената во центарот во Берово. Предвидени се настапи на голем број препознатливи музички имиња, о кои сметаме дека ќе бидат задоволени различните музички вкусови, истакнаа од Општината.

Во рамките на Етно плоштад фестивал ќе биде организиран и Традиционалниот Саем на производи од Малешевијата.

-Во рамки на овој Саем присутните ќе можат да ги посетат тезгите со здрава храна, сувенири,  ракотворби,  еколошки производи, традиционални занаети и слично. Несомнено е дека Етно плоштад фестивалот и Берово се следната културна дестинација, оваа недела, од 26-ти до 28-ми август, додадоа од Општина Берово.

Фестивалот во чии рамки се предвидени настапи на Антонија Гиговска, Слаткаристика, Дац и Александар и други македонски музички ѕвезди, финансиски е поддржан од Министерството за култура, а генерален спонзор е општествено одговорната компанија АВИАТОР ДООЕЛ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*