Писмо од наш иселеник!

Почитувани Делчево 365

Денес дознав дека во нашиот град е направена невидена, како да објаснам, не е тоа рација, тоа е неправилно нарушување на личниот интегритет, во локал во Делчево во твојот и во мојот локален град. Се тероризира населението во таков град, кое зависи од прометот во летниот период и од новогодишниот период, додека слушам вести на македонски, во други региони, не се плаќа струја, вода, т.е во западниот дел на земјата не се плаќа струја, вода, или други локални трошкови, а таа наша земја лови нелегално во мало гратче каде што живеат од месец во месец, а самите газди досега имаат направено безброј добротворни акции.

Делчево365 ќе ве молам да застанете на страната на делчевчани и да го осудите настанот како пуч против нас луѓето. Тоа е направо кажано бруталност, наспроти Гостивар, Тетово, Арачиново, Дебар, Штип, ти да праќаш специјалци во Делчево.

Јас, ако не постои диско, немаше ни да дојдам во тој град, ако не постои дискотека, каква што му е сега структурата на сопствениците, не ќе можам ни во Делчево да останам.

Можете да објавите анонимно или не, се вели во пораката на наш иселеник.

Напомена: Ставовите на нашиот иселеник се негови лични ставови и не го одразува нашето мислење за темата која е опфатена

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*