Акција ,,Насмевка за учениците” за собирање училишен прибор за учениците од руралните средини

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево и Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Делчево, спроведoa акција за собирање на училишен прибор за учениците од руралните средини на Општина Делчево која има за цел најмногу да ги израдува учениците од овие места а самата идејата ја нарековме “Насмевка за учениците” информираа од ОК ВМРО ДПМНЕ.

Во екот на огромните поскапувања кои посебно се изразени кај училишниот материјал и се движат околу 50 проценти во однос на претходните години, обезбедивме училишни чанти, тетратки и училишен прибор за дечиња кои учат во подрачните училиштата во Општина Делчево, се вели во продолжението од нивната објава по повод почетокот на учебната година.

Оваа идеја како што се цели во понатамошниот текст од информацијата има за цел да им овозможи финансиско олеснување на семејствата кои живеат во делчевските села но најмногу да извлече искрени детски насмевки.

-Првиот ден од новата учебна година треба да се памети по радост и возбуда, за сите ученици. Со оваа идеја сакаме директно да им олесниме на нашите сограѓани кои се навистина оптоварени со огромниот бран поскапувања и чиј домашен буџет од ден во ден станува сѐ попразен. ,,Насмевка за учениците” е само една од идеите со кои Ние ќе се трудиме да им го олесниме секојдневието на нашите жители, додадоа од ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*