
Драги првачиња, драги ученици, почитувани родители и наставници!
Нека Ви е среќен првиот училишен ден!
Училиштето е важен, тежок, но навистина, интересен предизвик кој ќе ви ги отвора вратите на знаењата, напредокот и вашиот личен развој. Најубавите години се ученичките години. Влезете во образовниот процес со насмевка и со цел да постигнете резултати и да се изградите во личности кои утре ќе ја градат иднината на нашето Делчево!
Верувам дека оваа учебна година ќе ви донесе убави нешта, нови пријателства и пред сè нови знаења. Вашите наставници се тука, да ви помогнат и да ве водат во предизвикот, а Општина Делчево и јас, како градоначалник, ќе ве поттикнуваме со награди и стипендии да постигнувате успеси во натпреварот на знаења, се вели во честитката на делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.
Традиционално на првиот училишен ден кој започна во празнична атмосфера и со пригодна свеченост подготвена во двете деветолетки за првачињата, тој ги посети образовните институции во Делчево каде имаше средба со одговорните лица во училиштата.
-На средбата се разговараше за подготвеноста на училиштата за првиот училишен ден, за предизвиците со кои се соочуваат, но и за актуелните и планираните проекти кои се реализираат со цел подобрување на условите за работа и осовременувањето на наставниот процес.
Училиштето е важен, тежок, но навистина, интересен предизвик кој ги отвора вратите на знаењата, напредокот и личниот развој. Најубавите години се ученичките години, а образованието е битна алка за секој поединец. Порачувам на учениците да влезат во образовниот процес со насмевка и со цел да постигнат резултати и да се изградат во личности кои утре ќе ја градат иднината на нашето Делчево! Вашите наставници се тука, да ви помогнат и да ве водат во предизвикот, а Општина Делчево и јас, како градоначалник, ќе ве поттикнуваме со награди и стипендии да постигнувате успеси во натпреварот на знаења, додаде Трајковски, посакувајки среќен и успешен почеток на учебната година!
Инаку во Делчево денеска започна учебната 2022/23 година за вкупно 1397 ученици. Од запишаните ученици, 107 се првачиња, додека 75 ученици за прв пат седнуваат во средношколските клупи во СОУ „М.М.Брицо“.

Leave a Reply