Музичка работилница во рамките на проектот ,,Работа со РКЕЦ „Тернипе МК – Музички хепенинг и промоција на млади музички звезди”

Во периодот од 24 август до 02 септември 2022 година во просториите на РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево се одржа Музичка работилница во рамките на проектот Работа со РКЕЦ „Тернипе МК“ Делчево – Музички хепенинг и промоција на млади музички звезди. На еднонеделната музичка работилница учествуваа 50 млади лица на возраст од 09 до 29 години.

Модератор на  музичката работилница беше Самостојниот уметник Зенил  Реџепов Стручни, а со Музичката работилница работеше Магистер по музичка уметност Даме Манов.

На еднонеделната музичка работилница акцентот беше ставен на перкусивните инструменти, беа изложени  тапани, кахон, дајре, шејкер, раганела, добош и други ситни перкусии. Децата и младите визуелно и аудитивно  се запознаа со овие инструменти, со имињата, звукот, изгледот и дел од техниките кои се употребуваат. Во одреден дел од музичката работилница имаше употреба на body percussion така што децата го користеа сопственото тело како инструмент, како и на основните музички елементи: темпо, ритам, метар, тембр, мелодија, хармонија, форма и сл. Најмладите направија свои инструменти, шејкери, со кои вежбаа различни ритми.

Целта на работилницата е преку игра, едукативно да се допре до секое дете кое беше присутно на настанот, исто така и кај младите кои покажаа интерес. Истовремено сите се забавуваа и  научија нови нешта.                                         

Предавачите се обидоа да допрат и до родителите  да внимаваат на изборот на музика која се пласира до нивните деца . За време на работилниците м-р Даме Манов со задавање ритмо-метрички примери ги анимира децата активно да учествуваат преку игра, а им прожектира и неколку песни од цртани филмови. Работилниците се одвиваа дел на отворено дел во фоаето на здружението. Работилниците се состоеа од теоретски и практичен дел на тема: музиката и важното во неа и трема и видови меморија и создавање бенд и звук и озвучување бенд. Последните 2 дена се резервирани за учесниците на музичката работилница каде практично  ги пробаат советите и  ги презентираат.

Организатор на Музичката работилница е невладината „Тернипе  МК“ Делчево; Соработници/партнери: Општина Делчево и КУД„Гоце Делчев“ Делчево; Предавач на  Музичка работилница: Магистер по музичка уметност проф: Даме Манов Поддржувач: Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Видео од денешната работилница ТУКА

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*