Со предавање за влијанието на климатските промени и примена на нови методи и техники за унапредување на пчеларството во Источниот регион, Здружението за рурален разво] Јавор” од Зрновци ги комплетираше активностите од проектот за подигање на медиумската писменост мегу младите земјоделци.
Во соработка со граганското здружение ИНИ” од Виница, од почетокот на мај се одржаа повеке предавања и работилници со земјоделци од општините Зрновци, Виница и Делчево Главни теми беа препознавањето на лажните вести, создавањето отпорност кон дезинформациите, подигањето на капацитетот на младите земјоделци за користење на дигиталните алатки и социјалните медиуми, како и за создавање партнерски однос со медиумите заради заживување и економски просперитет на руралните средини.
-Придобивките од проектот ке се имплементираат и понатаму во рамки на редовните активности на нашето здружение, кое постепено станува инфо центар за земјоделците од Источниот плански регион. Одржваме серија предавања за млади пчелари, за жени од рурални средини кои се занимаваат со земјоделско производство, а истражувавме и направиме анализа за тоа колку нашите земјоделци се информирани и колку навремената информација е важна за
нивното работење, истакна Жаклина Голчева од здружението „Јавор”, која беше координаторка на проектот. Во рамки на проектот, земјоделците се обучуваа и за онлајн продажба и пласирање на своите производи од кукен праг според искуства од соседна Србија
Реализацијата на активностите на здруженијата од Зрновци и Виница беше поддржана од Македонскиот институт за медиуми, како дел до регионалниот проект Отпор кон дезинформации и говор на омраза” за промовирање на медиумската писменост во малите градови и руралните средини во Западен Балкан, а што е финансиран од Европската комисија.
Leave a Reply