Oтворена новата конгресна сала во СОУ „М.М.Брицо“ Делчево

Со пригодна свеченост денеска беше пуштена во употреба новата конгресна сала во СОУ „М.М.Брицо“ во Делчево. Салата е инвестиција на самото училиште за што од сопствени средства се издвоени 3, 5 милиони денари. Како што посочи директорката Дијана Цонева, со посветена работа и ценејќи ја потребата на училиштето, со реконструкција на старата спортска сала градена во 1961-ја добивме новата модерна конгресна сала.

– Спортската сала последните години не беше во функција. Сега овој простор, ќе биде искористен на најдобар можен начин од нашите ученици, персоналот и сите наши сограѓани. Оваа сала ќе се користи за свечени академии кои ќе ги организира училиштето.Ќе се користи за состаноци, класни часови, работилници, за дебата на учениците, часови по музичка уметност, за обуки, семенари потоа, презентација на проекти, разни работилници на кои ќе учествуваат и учениците и професорите, рече Цонева.

Градоначалникот Трајковски кој присуствуваше на настанот посочи дека оваа инвестиција е резултат на домаќинско работење на самото училиште.

-Кога се сака да се направат промени, кога се има идеја, кога се работи одговорно и кога имаш за цел како да се унапреди образовниот процес и како да се подобрат и осовременат условите за работа во училиштето, тогаш резултатот е нова инвестиција во интерес , не само на учениците и наставниот кадар на училиштето, туку и на цела општина. На СОУ „М.М.Брицо“ честитам за успешно реализираниот проект кој е дело на Гоце Попов и архитектонското студио ГПА Архитекти и да продолжат одговорно да работат и да ги реализираат сите планирани проекти во иднина. Општината е секогаш партнер на амбизиозните проекти на општинските училишта, рече Трајковски.

Поранешниот директор Љупчо Прачковски во чие време започна да се гради салата е повеќе од сигирен дека новиот тим на гимназијата ќе реализира уште многу вакви успешни проекти.

На свеченоста по повод пуштање во употреба на конгресната сала, беше изведена и културно-уметничка програма.

Инаку, со пуштањето во употреба на конгресната сала во Делчево започнаа настаните организирани по повод одбележувањето на 78 години од ослободувањето на Делчево и 31 година од независноста на РСМ. По тој повод во текот на утрешниот ден вечерта со почеток во 19.ч. ќе се одржи вечер на староградска песна посветена на прерано починатиот музичар, Слободан Илиоски, а во организација на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Настаните продолжуваат в среда со пуштање во работа на градската фонтана, Свечена седница на Советот и промоција на новото дело на плодниот автор Драган Арсовски и Софрон Ѓеоргиевски „Паметници за Царево Село-црквите и манастирите во Делчевско и сведоштва на царевоселци“, во организација на ЈЛБ „Илинден“. Настаните по повод двата значајни датуми од историјата на Делчево ќе финишираат со Меѓународниот фолклорен фестивал и 16-та Пијанечко-Малешевска свадба која ќе се одржи на 10 септември, а е во организација на КУД „Гоце Делчев“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*