ООУ ,,Св.Климент Охридски” ќе добие нова медијатека-библиотека

Во ООУ „Св.Климент Охридски“ започнаа градежните работи за адаптација и пренамена на поткровниот помошен простор во простор наменет за медијатека-библиотека.

Kорисната површина од 274 м2 кој се наоѓа во поткровјето на стариот реконструиран објект е отворен, без дополнителни прегради и досега се користеше како помошен простор за складирање непотребни материјали на училиштето и беше рационално искористен. Со адаптацијата и пренамената на таванскиот простор се предвидува решение кое ќе овозможи поинакво и покорисно искористување на таванскиот простор што би било од корист на корисниците, односно учениците, наставниците и пресоналот на училиштето. Во новата медијатека ќе се вклучат нови создржини: библиотека, читална и простор за состаноци, уметничко ателје со вклучени: музички инструменти и уметничко сликање, како и мултинаменски хол.

Овој проект е финансиран од МОН и е со вреднот од 4,3 милиони денари, изведувач е АТРИУМ-ДООЕЛ од Вевчани.

Медијатека е самостојно катче во училиштето, каде што освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, се чуваат и документираат дневни весници, списанија, брошури и публикации. Честопати се опремени со телевизор, прожектор, компјутер со интернет, каде што се наоѓа документација од сите области на живеењето. Иако основна намена е позајмување и користење на книги и библиотечен материјал, сепак таа работи со иста цел како и останатите институции во рамки на основното образование, што значи: оспособување на учениците, активно и одговорно да учествуваат во општествениот и културниот живот, да ја развиваат својата личност и потенцијал, како и успешно да ги задоволуваат своите интереси, умеења, вештини и способности

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*