
🇲🇰 По повод Денот на независноста, 8-ми Септември, денеска, заедно со делегации од општествениот и политичкиот живот, положивме цвеќе на Спомен Костурницата во Берово.
Пред присутните беше прочитан краток говор, со должна почит кон паднатите борци и историски осврт, во чест на денот.
- Овој историски датум, кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумско „да“, за оставрување на вековниот сон за независна Македонија е обврска за сите нас, да ја чуваме и развиваме земјата, во духот на слободата и демократските вредности.
🇲🇰 Обединети во слободата, ја славиме независноста!
🇲🇰Честит празник 8-ми септември!, се вели во објавата на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.
Leave a Reply