
Одиграно првото коло во Третата Фудбалска Лига – Исток. Постигнати се 28 голови, а најефикасни во првото коло беа фудбалерите на осогово од Кочани кои со 6:0 славеа над Победа Валандово.
„Академија Чешиново-Облешево“ во натпревар на домашен терен ја совлада екипата на „Брегалница“ Делчево кои во статус на официјалната своја страница истакнаа дека на овој натпревар не им биле досудени три ,,чисти” пенали.
„Овче Поле“ забележа заслужена победа во највозбудливиот натпревар кој заврши 4:3.
„Рудар“ како домаќин и „Тиверија“ како гостин немаа проблеми со своите противници и лесно ги прокнижија првите три бода.
Во „Карбинци“ истоимената екипа загуби од екипата на „Малеш“ со 0:2, додека Тиверија со 5:1 славеше кај тимот на Вардарски.
Резултати од првото коло:
„Осогово“ – „Победа“ (В) 6:0
Ак. „Чешиново-Облешево“ – „Брегалница“ (Д) 2:1
„Овче Поле“ – „Спартмани“ 4:3
„Рудар“ – „Дојранско езеро“ 3:1
„Карбинци“ – „Малеш“ 0:2
„Вардарски“ (Б) – “Тиверија“ 1:5
Leave a Reply