Анастасија Георгиевска – прв мобилен психолог во државата

Анастасија Георгиевска (по потекло од Делчево) е првиот мобилен психолог во државата и е подготвена да доаѓа на Вашата преферирана локација и да држи сесии во живо. За сите оние теми кои се особено актуелни денес, како и прашања кои секогаш ќе ги интригираат луѓето таа неодажна имаше интервју за Женски Магазин од кое дел пренесуваме во продолжение:

Се чини дека денес, повеќе од кога било досега, современиот човек и покрај сите можности и погодности што ни ги донесе дигиталната ера, има сѐ помалку време за себе и за суштината на своето битие. Речиси и не успева да се запраша: „Што навистина сакам и што ми треба? без претходно преку социјалните мрежи и медиумите да му се сервира како треба да изгледа, што треба да мисли, поседува или прави. Значи денешниот човек генерално или премногу работи и нема време за приватниот живот или не работи никаде затоа што не може да го најде тоа што го сака и е несреќен поради тоа. На сето тоа, ако го додадеме неговото внатрешно незадоволство оод сè што го опкружува – од чувството на осаменост, несигурност во однос на неговата иднина, искривените вредности, стравот и верувањето дека не гледа излез од ситуацијата во која се наоѓа – доаѓаме до појава на разни видови психолошки и психички проблеми . За сите оние теми кои се особено актуелни денес, како и прашања кои секогаш ќе ги интригираат луѓето, разговаравме во денешното интервју со психолог Анастасија Георгиевска. Таа е првиот мобилен психолог во државата и е подготвена да доаѓа на Вашата преферирана локација и да држи сесии во живо!

„Кога луѓето ќе сфатат дека не можат да живеат сами затоа што се социјални битија, тогаш работите ќе почнат да се менуваат“, вели нашата соговорничка која е магистер по клиничка и советодавна психологија, има завршено академија за клиничка невропсихологија и невропсихолошко тестирање, исто така има педагошко-психолошка и методска доедукација.

*Зошто денес е многу потешко да се сочува менталното здравје отколку што било случај пред некои 20/30 години?

-Вистина е дека животот е полесен од пред 30 години во однос на преживување, но менталното здравје сепак е во ризик. Постојат голем број на фактори зошто е тоа така, јас грубо ќе набројам неколку:

– Претерано изложување пред електронски уреди; – Зголемен притисок за перформанса во однос на образование, кариера, финансии, итн.; – Зголемени терористички напади и закани; – Зголемување на вестите кои предизвикуваат поделба; – Драматично зголемување на насилните ТВ програми, филмови и видео игри; – Зголемување на сексуално експлицитниот материјал (ТВ програми, филмови, видео игри, лесен пристап онлајн, итн.); – Притисокот од социјалните мрежи; – Намалени интеракции лице в лице и социјална поддршка; – Распадот на семејната единица; – Конфузија во сексуалната ориентација; – Половата конфузија; – Изложување на мноштво мислења (на ТВ и онлајн); – Изложување на агресивно однесување (драматичен пораст на злоупотреба на деца, злоупотреба на возрасни, сексуална злоупотреба итн.); – Лош/намален сон; – Зголемен финансиски притисок врз родителите; – Намален родителски контакт – децата прерано се одвојуваат од родителите и семејствата; – Лесен пристап и прифаќање на рекреативни дроги; – Премногу заштитени деца; – Намалени очекувања за младите возрасни; – Генерацијата „Јас“ (каде што секој верува дека му припаѓа што сака)

Повеќе од интервјуто на Женски Магазин:

https://zenskimagazin.mk/intervju-psiholog-anastasija

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*