Започна реализацијата на проектот ,,Берово во бојата на ѕидот”

Во соработка со локалниот уметник Мартин Качулачки, деновиве започна реализацијата на проектот ,,Берово во бојата на ѕидот”. За таа цел на внимателно одбрана локација, кај градскиот стадион во Берово, Качулачки создаде моќно и креативно уметничко дело, кое ќе го краси влезот на градот и ќе пренесува силна порака, за убаво и урбано Берово.

Приказната, која е инспирација на мотиви од Берово, како и историски значајни личности, кои силно се втемелиле во македонската историја, ги поврзува најважните сегменти, по кои е познато Берово и стимулира нова урбана туристичка приказна, со впечатливи елементи, проткаени низ минатото, а силно поврзани со сегашноста.

Овој проект, како што истакнаа од Општината е уште еден од низата проекти,  за поубаво и поурбано Берово, кое нешто е приоритет изминатите години, а кое ќе го краси влезот на Берово и ќе му дава еден  поразличен и повпечатлив сјај.

Вредноста на авторското дело изнесува 116.350,00 денари, од кои 45.000,00 денари се обезбедени од Министерството за култура, преку Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во културата, од областа на визуелните уметности, архитектурата и дизајнот за 2022 година, а останатите од Буџетот на Општина Берово за 2022 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*