
По повод јубилејот на Планинарскиот клуб ,,Кожуф” членови на Планинарскиот спортски клуб ,,Голак” од Делчево учествуваа на планинараки марш до врвот Момина Чука на планината Кожуф.
-Денес на покана на планинарскиот Клуб КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА,а по повод 70 години од нивното постоење,бевме поканети да учествуваме за искачување на врвот како и да имаме заеднички ручек и дружба во планинарскиот дом ТОМЕ ШУТОВ-КРОТКИ 610 м.н.в. во селото КОНСКО.
Маршута : Месност АЏИБАРИЦА – СКИ ЦЕНТАР КОЖУФ – Врв МОМИНА ЧУКА 1851 м.н.в. и обратно во вкупна должина од 8.7 км, рече претседателот на клубот Љупчо Чучуковски.
За време на маршот како што додаде делчевскиот планинар се смениле 3 климатски зони.
-Субмедитеранска, континентална, планинска), додека околу врвот имаше лежерно позитивно-амбиентална ретка магла, додека единствено остана непроменета максималната позитивна енергија на нашите членови посебно кај младинците на ПСК Голак Делчево.
Голема благодарност до нашите пријатели од Кожуф Гевгелија кои ни дадоа и поклони, но посебно голема благодарност до нашите младинци на Клубот. Гочема благодарност до градоначалникот Горан Трајковски кој ни го обезбеди превозот, односно со превозникот Рома Транс – С.Вирче (Општина Делчево). Еден преубаво поминат позитивен ден, додаде Чучуковски.

Leave a Reply