
По повод реализацијата на проектот „Соба на Димитар Узунски за културното наследство на пијанец“, на ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче Делчево, субвенциониран од Министерство за култура на РСМ- Сектор за заштита на културното наследство- Одделение за музејска дејност и нематеријално културно наследство, со Годишната национална програма за 2021 и со дополнителна поддршка од Градоначалникот на Општината Делчево, ЗФГ КОПАЧКА с. Драмче Делчево, на 22 септември 2022 година со почеток од 12 часот ќе изврши промоција на Собата на Димитар Узунски.
Собата е уредена во неговата родна куќа во с. Тработивише, Делчево и во неа се поместени неговите лични документи, фотографии, најзначајни дипломи, благодарници, признанија, награди… како и неговите ракописи од собирачката фолклорна дејност, собрани во неговите тетратки, а секако овде се и неговите инструменти, носијата, машината за чукање и др.
За ЗФГ ,,Копачка” ова е значаен настан, со кој се потврдуваме решителниот од, по патот кој за здружението го трасираше Димитар Узунски, кој и покрај другите негови животни дострели, е најзаслужен е за впишувањето на орото „Копачката“ во УНЕСКО, во Репрезентативната листа за нематеријални културни наследства на човештвото.

Leave a Reply