Ученици од ,,Ванчо Прке” – Делчево и ,,Живко Брајковски” – Скопје се едуцираа на тема планинарство

ВИСТИНСКО ПРИЈАТЕЛСТВО…КОЕ ТРАЕ…
На 16.09.2022 год (петок) во рамките на проектот за Меѓуетничка интеграција и мултикултурализам финансиран од Министерството за образование и наука, ученици од VII (седмо) и VIII (осмо) одделение, заедно со учениците од партнер училиштето ООУ ,,Живко Брајковски”, населба Бутел од Скопје, реализираа еднодневна екскурзија на Водно – Скопје.

-Темата на проектот е планинарење насловен како ,,Да ги освојуваме планинските височини” кој беше со заедничка цел: едуцирање, поттикнување и развивање љубов за планинарење и запознавање со вештините и потребните ресурси и алатки за планинарење како и нивна подготовка во иднина да се насочат кон вакви прошетки во природа и да бидат дел од планинарските походи за освојување на планинските предели. Ваквото дружење чиј исход беше задоволството, да се искачат на Водно со жичара и да проследат предавање од нашиот познат планинар од ПД “Голак ” , Делчево – Љупчо Чучуковски. Заедно со неговиот млад планинар Давид Златковски, од VII-3 одделение, им одржаа предавање и презентација за начинот со кој треба да бидат опремени и да умеат со разни планинарски вештини да се подготват за едно такво планинарско одење кон висините на нашите убави планински предели, како што беше и Водно, истакнаа од ООУ ,,Ванчо Прке”.

Идејата со која училиштето аплицирало на овој проект е да се мотивираме учениците да излезат во природа, за да не бидат постојано зависни од мобилните телефони и од затвореноста туку да се дружат и да ги вреднуваат природните убавини кои ќе влијаат на подобрување на нивното детство и правилниот психо- физички раст и развој.

-А најмногу од се ќе се дружат и ќе ги полнат батериите со многу хуманост и сила да бидат похрабри и посамостојни, додадоа од ООУ ,,Ванчо Прке, заблагодарувајки се на Министерството за образование и наука, што овозможија учениците да се дружат и да уживаат во природните убавини на Водно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*