Гимназијата ,,М.М.Брицо” Делчево ја отпочна реализацијата на проектот ,,Чекор по чекор – за професионален развој”

СОУ „Методи Митевски- Брицо“- Делчево како темел на знаењето и препознатливо во национални и меѓународни рамки, ја отпочна реализацијата на проектот Чекор по чекор – за професионален развој!

Во рамките на програмата ЕРАЗМУС +, поддржана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, ќе се реализира проект од клучна акција 1- КА122-ВЕТ- Краткорочни проекти за мобилност на ученици и вработени/кадар во полето на стручно образование и обука.

Главни цели  на проектот се: зголемување на стручните знаења и вештини на учениците од текстилно-кожарската и хемиско-технолошката струка, поттикнување на нивната желба за учење и професионален развој во областа на производството, адаптација на наставната програма во текстилно-кожарската и хемиско-технолошката струка во поглед на новите тенденции во областа на технологиите, воспоставување на одржливи партнерства со докажани странски компании на меѓународниот пазар и реализирани придобивки за локалната заедница.

Ние како образовна инсттитуција се стремиме да го подобриме образовниот процес, но сметаме дека неопходно е да се воведат дополнителни мотивирачки аспекти за професионален развој на професорите, а тоа ќе се случи доколку ние како институција овозможиме континуирана обука, вклучително и во странство, преку учество на училиштето во меѓународни проекти и преку создавање на партнерска мрежа со бизниси од цела Европа. Со проектот ќе ги мотивираме овие млади луѓе да продолжат професионало да се развиваат, да го развијат претприемачкиот дух.

Организирани се две мобилности. Секоја од двете мобилности ќе биде за времетраење од 2 седмици во Република Бугарија и тоа 8 ученици кои ја изучуваат хемиско-технолошката струка и  1 придружен  професор и 8 ученици и 1 придружен  професор од текстилно-кожарската струка.

Учесниците ќе бидат дел од секојдневниот процес на работа, ќе помагаат во полесни задачи и ќе бидат обучувани од супервизори кои се вработени во фирмите и имаат долгогодишно искуство во работата.

По завршувањето на двете мобилности, предвидуваме активности со цел да се обезбеди одржливост на резултатите од проектот, како во рамките на нашето училиште, така и во локалната заедница.

После реализираната пракса во странство, учениците кои биле директни учесници во проектот, ќе имаат поголема можност за вработување. Тоа е и една од целите за која се стремиме ние како училиште- учениците кои ги изучуваат струките, директно и без дообука да бидат понудени на пазарот на трудот како готов производ. Ова ќе овозможи помала стапка на невработеност кај младите и поголема продуктивност на локалните бизниси кои обезбедуваат работа на нашите ученици. Младите луѓе ќе си го подобрат квалитетот на живот и професионално ќе се развиваат во регионот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*