
Втор ден од престојот на нашите ученици во Стара Загора преку програмата Еразмус+.
Денес со учениците од струката Хемија и технологија имавме работна сесија во Министерството за животна средина и вода и со регионалната инспекција за животна средина и вода.
Ги посетивме лабораториите за хемиска анализа на вода и почва кои располагаат со најсовремени уреди за гасна хроматографија и атомска апсорпциона спектроскопија. Во регионалниот инспекциски центар се запознавме со секојдневното испитување на загаденоста на воздухот во регионот.
Учениците од Текстилно-кожарската струка денес работеа со волна. Во соработка со наставник којшто има свое сопствено ателје ,учениците изработија кукли и фигури од волна по сува постапка со помош на игла.

Leave a Reply