
Читањето книги е забавна и релаксирачка активност. Вистинско задоволство е да се види како луѓето читаат, а уште поубаво е кога мажите го прават тоа. Всушност, кој не би сакал одвреме-навреме да се изгуби во добра книга, без разлика дали е маж или жена.

Сепак има нешто интересно и добро кога ќе се види маж како чита.Така барем велат поголем број на истражувања во врска со читањето на мажите.
ЈЛБ„Илинден“- Делчево, по втор пат креира топ 5 листа на мажи-најчитатели.Годината во топ 5 мажи најчитатели влегоа:Дуовски Сашко, Чучурски Александар, Даниел Ристовски, Белогаски Александар и Матеј Вучевски.
Честитки до сите нив, посакуваме и понатаму да бидат наши редовни читатели.

ЈЛБ„Илинден“ и понатаму има поголем број на жени читатели.Посакуваме во иднина да имаме поголем број на мажи кои ќе бидат наши членови.
Жените се желни да читаат книги напишани од мажи, но значително помал број на мажи се желни да читаат книги напишани од жени. Згора на тоа, писателката од листата на топ десетте писателки со најбројна машка публика – авторката на трилери Л.Џ. Рос – ги користи своите иницијали, па можно е мажите да мислеле дека е една од нив. Што ни кажува ова за тоа колку се безволни мажите да го признаат рамноправниот авторитет – интелектуален, уметнички, културен – на жените и мажите?

Кога станува збор за 10-те најпродавани писателки (на листата се наоѓаат Џејн Остин и Маргарет Атвуд, како и Даниел Стил и Џоџо Мојс), само 19% од нивните читатели се мажи, а 82% се жени. Кај 10-те најпродавани писатели (на чија листа се наоѓаат Чарлс Дикенс и Џ.Р.Р. Толкин, како и Ли Чајлд и Стивен Кинг), соодносот е многу поизедначен: 55% мажи наспроти 45% жени.
Leave a Reply