Жител на населба Басарица на прес конференција изнесе проблем со кој се соочува подолг период

Граѓанскиот активист Зоран Биковски денес на прес конференција информираше за проблем со кој како што вели се соочува повеќе од 5 месеци, а кој како што додаде влијае на квалитетот на живеење на неговото семејство.

-Оваа прес конференција ја свикав, се со цел да изразам големо жалење и разочарување од постапување на Општинските власти во Делчево. Имено на 02.09. поднесов барање да е разгледа работата на незаконска сушара, која веќе 5 месеци го загрозува квалитетот на моето живеење, здравјето на моето семејство и загадувањето на животната средина. Ова е од голема важност прашање и за самата Општина Делчево затоа што треба да се види и постават правила дали ќе се даваат лиценци за работа во место за урбано живеење или ќе се направи исклучок за граѓански активист кој сака да живее достоинествено. Имено во периодот од овие 5 месеци многупати се обратив и до комуналниот инспектор и до градежниот инспектор, но тие постапуваат по дури 20 до 29 дена итн, се обраќав и до останатите институции, како пазарен инспектор, трудов инспекторат, Подрачна единица на АХВ, до ПС Делчево и отсекаде само добив релативирање и одговор дека не е во нивна надлежност. Токму од овие причини го поставив ова предмет барање да се разгледа на Советот на Општината затоа што Советот заедно со градоначалникот се тие кои одлучуваат дали на него ќе му се даде лиценца да работи, која што е од јавен интерес, дали ќе се дозволи објект кој е наменет за преработувачка дејност и кој што треба да биде стациониран во економска зона, а не во место за живеење, ќе биде дозволено ваквиот начин на работа да се утврди постапувањето на инспекторатите и дозволата и можноста граѓаните да пријавуваат, односно нивната затвореност и нивната услужност и ефективност и ефикасност во нивното работење, рече Биковски.

Целата изјава на Биковски на линкот во продолжение:

Претставникот на споменатиот правен субјект и сосед на Биковски во врска со реакцијата на Биковски изјави дека во посета на објектот во изминатиот перид биле сите инспектори, од општински до трудов, пазарен и санитарен инспектор, од кои како што вели добил дозвола за работа.

-Од страна на полицијата е извршено мерење на звучност при што е констатирано дека е во рамки на дозволените законски граници. Сушарата Екстра ДАКО користи огревно дрво за сушење и не е констатирано загадување на животната средина. Работата во сушарата е во времетраење од 15 дена колку што трае сезоната, истакна претставникот на сушарата Екстра ДАКО.

Во врска со прес реакцијата на Биковски, се обративме и до Општина Делчево, од каде како спомната страна добивме информација дека согласно со надлежностите на Општината, општинскиот инспектор за животна средина и општинскиот градежен инспектор во неколку наврати имаат направено увид  на лице место на објектот-индивидуална станбена куќа во населбата.

-Општинскиот инспектор за животна средина нема евидентирано дека во објектот се вршат активности поврзани со сушење печурки. Овие сознанија се констатирани и со записник од страна на инспекторот. Оџакот е изведен уредно над покривот и е на соодветно растојание од соседната парцела, а констатирано е дека не се користат недозволиви средства за горење, односно се користи огревно дрво. Општинскиот инспектор за животна средина напоменува дека доколку сопственикот започне со работа, ќе биде задолжен од страна на инспекторот да изготви елаборат за заштита на животната средина. Општинскиот градежен инспектор има констатирано дека за објектот-индивидуална куќа за домување, е донесено правосилно одобрение за градба. Напоменуваме дека за нелегално вршење каква било дејност надлежни се други институции, се вели во одговорот од Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*