
Денеска остварив средба со претставници на УНИЦЕФ, кои во соработка со Министерството на образование и наука и Светска Банка, работат на проект за надминување на кризата во наставата и учењето.
Разговаравме за остварување на соработка, во насока на унапредување на образовниот процес и поддршката која што УНИЦЕФ, може да ја даде на Општина Берово.
Општина Берово е една од 10-те пилот општини, на кои ќе и биде пружена поддршка за прилагодување на инфраструктурниот и образовниот капацитет на мрежата на основните улилишта.
Проектот опфаќа две компоненти:
1.Финансирање – блок дотација, и разгледување на Уредбата за распределба на блок дотацијата за основното образование и
- Оптимизација на училишната мрежа.
Leave a Reply