
Објава на ПСК ,,Голак” Делчево
Денес, 13 членови на ПСК ,,Голак” Делчево, учествувавме на повикот од општествено одговорната фирма БРЕГАЛ Делчево, за расчистување и уредување на градскиот стадион Гоце Делчев кој се наоѓа во спортско-рекреативниот центар Пијанец.
Вчера (7 учесници од клубот) и денес ја офарбавме со бела боја половина од оградата на ЗАПАДНАТА ТРИБИНА, додека во наредните денови планираме да ја довршиме целосно. Се надевам дека во наредните денови ќе биде исфарбана и оградата на Источната трибина, со што целосно оградите би добиле убав и нов лик.
Вчера исто така со моторна пила ги исековме дивите големи растенија кои беа израсната позади западната трибина. Вчера исто така и денес на повик кон територијалната противпожарна единица Делчево ни излегоа во пресрет, така што дојдоа со едно возило-цистерни и 4 пати донесоа вода, со која целосно ја исчистија Западната трибина, за што им благодариме.
Порачани се нови столчиња за трибините со што стадионот би заличел на вистински стадион, кој е еден од поголемите во државата со капацитет од околу 5 000 гледачи.
Најголема благодарност до нашите младинци од клубот кои дојдоа и дадоа голем придонес.
ГИ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ СПОРТИСТИ ВО ГРАДОТ КАКО И ФИРМИ И ИНСТИТУЦИИ, ДА ЗЕМАТ УЧЕСТВО И ДА ДАДАТ СВОЈ ПРИДОНЕС, БИДЕЈКИ ТОА Е ЗА ОПШТО ДОБРО НА СИТЕ НАС ВО НАШИОТ ПРЕУБАВ ГРАД ДЕЛЧЕВО.
Leave a Reply