Видео: Играч на Саса удрен од навивач, кој успеа да и побегне на полицијата!

Скандалозен инцидент во Тетово на второлигашката пресметка помеѓу Тетекс и ФК Каменица Саса (0-2), на која пред самиот крај навивач, најверојатно на домашниот тим, втрча во теренот и му удри бокс на гостинскиот напаѓач, Бошко Ступиќ.

По ударот навувачот се стрча кон оградата на стадионот, каде пронајде излез и ѝ побегна на полицијата.

Присутните припадници на МВР продолжија да го бркаат по тетовските ниви, но не успеаја да го фатат.

Видео линк:

https://streamable.com/e/bhw6u6

Збунетиот судија набрзо по инцидентот означи крај на средбата, која дефинитивно ќе има трето полувреме и ќе донесе жестока казна за екипата на Тетекс.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*