,,Детска патувачка фолк библиотека” денес во Берово

Дом на културата ,, Димитар Беровски,, од Берово, во соработка со ,,Медиа Консалтинг,, и Фолконика, утре, 01.10.2022 година (Сабота), во 11 часот, во Бизнис инкубаторот во Берово, организираат настан ,, Детска патувачка фолк библиотека,, .

Во програмата учествуваат естрадни уметници од државата и врвни музичари од Националниот државен ансамбл ,,Танец”.

Детска патувачка фолк библиотека, има за цел, на децата да им го пренесе културното богатство, народната фолк музика, фолклорот и традицијата.

Настанот ќе понуди програма за децата, преку читање на музичка сликовница, народни песни, пеење и свирење, анимирање на децата, да се вклучуваат интерактивно во самата програма.

Децата ќе имаат можност да се стекнат со нови едукативни содржини, на нов интересен начин, со дружење едукација и натпреварувачки дух.

Во целокупниот проект учествуваат докажани музички педагози, етномузиколози, инструменталисти, екстрадни фолк уметници, сите професионалци, со богато професионално искуство.

Спроведувањето на проектот го менаџира КОНСАЛТИНГ ИНТЕР ГРУП-МЕДИА КОНСАЛТИНГ.
Повелете сите заеднички да проследиме едно несекојдневно случување во Берово.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*