
Зголемен интерес за литературниот конкурс на ЈЛБ „Илинден“ по повод месецот на книгата „Книга-сон кој го држиме в раце“. Како што истакнаа од библиотеката интерес за учество, освен од ученици од Делчево, има и меѓу основците од другите градови во државата :Скопје, Куманово, Св.Николе.
-Со големо задоволство и радост ги информираме сите кои не прашуваат и оние кои сакаат да учествуваат со своја творба на овој конкус, дека конкурсот важи за сите ученици основци, не само од Делчево. Сите заинтересирани ученици својата творба поезија на тема „Книга-сон кој го држиме в раце“ можат да ја испратат на следниот меил: m.biblioteka@t.mk. Сите ученици доколку се во можност, без разлика дали се од Делчево или од друго место, творбите можат да ги донесат и во библиотеката, истакнаа од установата.
Сите творби што ќе пристигнат, без разлика дали се донесени во библиотеката или се пратени по меил, како што додадоа ќе бидат разгледани.
Најдобрите творби ќе бидат наградени на крајот од месец октомври.
Leave a Reply