Втора победа на ФК ,,Брегалница” Делчево. Пешовски, Ратков и Димитровски и пресудија на Победа Валандово

Фудбалерите на делчевска Брегалница со 4 погодоци ја почестија екипата на Победа Валандово која одигра солиден фудбал, но со своите 2 погодоци не успеа да им се спротистави на надмоќните домаќини во денешниот дуел на Градскиот стадион во Делчево.

Пешовски во два наврати и Ратков и Димитровски беа творци на победата на сино белите, кои сега со 6 освоени бодови се наоѓаат во првата половина од табелата во Третата фудбалска лига – Исток.

На останатите натпревари екипата на „Осогово“ го доживеа првиот пораз на „жешкиот терен“ во Градско Балдовце од „Спартмани“ со 1:0.

Иако во Берово се очекуваше се освен пораз, ОФК ,,Малеш” загуби од Тиверија со 1:2.

Во Чешиново, Натков како тренер и играч беше творец на победата на ФК ,,Карбинци” над Академијата со 1:4.

„Овче Поле“ и денес освои нови три бода, овојпат го совлада Рудар од Пробиштип со 3:0, а Дојранско езеро со петарда ги почести фудбалерите на Вардарски.

РЕЗУЛТАТИ ОД 4 КОЛО:

„Брегалница“ (Д) – „Победа“ (В)  4:2

Спартмани“ – „Осогово“  1:0

„Малеш“ – „Тиверија“  1:2

„Дојранско езеро“ – „Вардарски“  5:0

„Академија Чешиново-Облешево“ – „Карбинци“  1:4

„Овче Поле“ – „Рудар“  3:0

Прва на табелата е екипата на „Овче Поле“ со 10 бода пред „Тиверија“ која има 9, „Осогово“, „Карбинци“, и „Малеш“ моментално имаат по 7 бодови, додека „Рудар“, „Спартмани“ и „Брегалница“ (Д) по 6. Следуваат „Академија Чешиново-Облешево“ и „Дојранско езеро“ со 4, „Победа“ (В) со 3, а на последната позиција е тимот на „Вардарски“ кои се без поени.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*