
Во организација на невладината Тернипе МК – Делчево во партнерство со КУД „Гоце Делчев“ и поддршка на Општина Делчево и Министерство за култура во рамките на проектот 16 -ти ромски средби „ТЕРНИПЕ – МЛАДОСТ“ 2022 се организираше Мултикултурен Семинар/работилница: Традиционална музика, инструменти, ора, носии и обичаи.
Семинарот се одржа во просториите на здружението. За време на семинарот се спроведоа 4 работилници и учесниците беа групирани во четири возрасни категории: 1. возрасен циклус од 7,8 и 9 години, 2. возрасен циклус за 10,11 и 12 години, 3. возрасен циклус за 13,14 и 15 години и 4. возрасен циклус за 16 и 17 години.
Во рамки на секоја возрасна категорија, работилниците беа поделени на воведни, мултикултурни и проектно/изведбени, сè со цел да се обезбеди намалување на етничките предрасуди и зголемување на меѓусебното почитување, преку интерперсонално и интеркултурно запознавање и заедничка работа. Работата на работилниците се базираше на принципот на рамноправност на различните етнички групи што се оствари преку балансираност во бројот на учесниците кои доаѓаат од различните етнички/културни заедници.
Во четирите дена ротираа преку 120 учесници на тема музика и инструменти, ора, носии, обичаи и празници кои ги слават етникумите. Работилниците ги реализираа по двајца реализатори: Зенил Реџепов – Стручни Самостоен уметник/кореограф за фолклорни престави, Магистер по музичка уметност Даме Манов, ассистети Симона Ќурчиска, Фатош Демирова…..
Leave a Reply