Во третиот обид усвоен ребалансот на Буџетот во Општина М.Каменица

Веста за усвојувањето на ребалансот на Буџетот на својот фејсбук профил ја објави градоначалникот на М.Каменица кој го истакна следното:

-Денес, заеднички со Советот на ЕЛС Македонска Каменица го усвоивме Ребалансот на Буџетот за 2022 година. Заеднички спасивме стотина работни места, овозможивме нормален тек на започнатите проекти и заеднички тргнавме во вистински правец. За да докажеме дека навистина сме транспарентна и отчетна општина, веќе од утре им стоиме на располагање на Советниците и на нашите сограѓани и започнуваме да го креираме Буџетот за 2023 година, во кој покрај неколку значајни капитални проекти, ќе инвестираме во подобрување на благостостојбата на жителите и во градењето на најубавата општина во Македонија.
Продолжуваме посветено!, истакна Атанасовски на фејсбук.

Фото: Youtube канал на Каменица.мк

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*