
Претседателот на Партија за демократски просперитет на Ромите, Аксел Ахмедовски денес ја запозна јавноста за проблемот, кој според него се провлекува 30 години, а е поврзан со лицата сместени во таканаречената стара касарна во Кочани.
-Иако средствата за изградба на типски куќи се обзебдени во 2018 година кога јас бев ми нистер и со тогашниот пратеник Самка Ибраимовски, иако средствата се веќе на сметката на наменската сметка на Општината овој проблем со домувањето, се уште не се реашава. Нашите сомнежи дотолку се потврдуваат со тоа што прашањето веќе беше поставено на седницата одржана во петок, во ребалансот на Буџетот се вели дека овие 8 милиони денари ќе бидат пренаменети за друга намена, непозната за нас, најверојатно за некои партиски интереси. Сакам уште еднаш да го истакнам проблемот што се провлекува повеќе години наназад и од страна на властите овие лица се остабваат на маргините на човечкото живеење. Од страна на претходниот Градоначалник кој потпадна на влијание на одредена група на граѓани, проектот не се реализираше, а тоа се повторува и со сегашниот градоначалник кој сака овие средства да бидат пренаменети и фактички овие типски куќи нема да бидат изградени. Со тоа го потврдуваме ние нашето мислење и нашиот сомнеж дека во Општината се уште се негуваат вредностите како нетолеранција, непочитување на различностите, дискриминација и предрасуди, и ова е срам за една општина кое се генерализира и на ниво на државата која претендира за влез во Европската Унија. Ние сметаме апелираме овие средства од Буџетот да не се чепкаат, туку да бдиат наменски искористени за изградба на овие типски куќи за реѓавање на овој повеќедецениски проблем на оваа група граѓани бидејки без разлика на нивната етничка припадност и тие се жители на оваа држава, рече претседателот на ПДПР, Аксел Ахмедовски.
Како одговор од Општина Кочани до медиумите кои присуствуваа на денешната прес конференција истакнаа дека проектот за изградба на типски куќи останува во план за реализација, но тоа нема да се случи до крајот на оваа година, бидејки во тек е изработка на нов урбанистички план и се чека одговор и одобрение од Министерството за транспорт и врски.
Leave a Reply