Кампањата ,,Подај рака, стани згрижувач” претставена во Делчево

Општина Делчево од наредната година ќе воведе нова социјална мерка за поддршка на згрижувачки семејства со еднократен износ од 10.000 денари. Оваа иницијатива денеска ја најави градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски на промоцијата на згрижувачки семејства во Делчево, како дел од националната кампања „Подај рака-стани згрижувач“.

Трајковски истакна дека оваа кампања е значајна и во насока на зголемување на свеста  за згрижување деца и зголемување на бројот на потецијални згрижувачии. 

– Во контекст на кампањата „Подај рака-стани згрижувач“ и со цел да ја подигнеме свеста за згрижување деца и за што поголем број згрижувачки семејства во Делчево, Општина Делчево се вклучува во кампањата и како поддршка за семејствата кои згрижиле дете во Делчево, од наредната година ќе воведеме нова социјална мерка за исплаќање еднократен годишен надомест од 10.000 денари за згрижувачко семејство. Тоа е помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, на тој начин, ќе придонесеме децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина, истакна Трајковски. 

Директорот на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – Делчево, Благој Стоименовски, истакна дека во Делчево има едно роднинско згрижувачко семејство, но и две се заинтересирани да станат згрижувачи.

-Како Центар за социјални работиме ние ги поттикнуваме граѓаните да станат згрижувачи и тука сме заедно да го изодиме патот. Стоиме на располагање за сите информации, за сите потребни документи и за остварување на нивните права како згрижувачки семејства, потенцираше Стоименовски. 

Марина Христовска стручен работник во Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври“  посочи дека целта на активноста е да се доближи формата на згрижување и да се запознаеме граѓаните со сите придобивки кои како згрижувачи ќе ги добијат.

Александра Мојсова, специјалист за застапување и комуникации, и др.Жарко Трајков, проектен менаџер од СОС Детско село додадоа дека националната кампања во организација на СОС Детско село и МТСП посетува 25 градови оваа година, а од следната година трите Центри за поддршка на згрижувачки семејства ќе имаат слични активности секоја следна година. 

-Како една од најважните нови национални алатки кои го олеснуваат процесот на згрижување во моментот е ново отворената веб страница www.zgrizuvanje.mk и новоотворената телефонска линија 075 277 447  каде граѓаните можат полесно да се информираат за условите и бенефитите околу процесот на згрижување, како и на фб-страницата zgrizuvanje.mk, каде можат да ги следат најновите случувања околу згрижувањето во Републиката, истакнаа Мојсова и Трајков, кои се заблагодарија за поддршката од локалните самоуправи која според нив е особено важна како еден од значајните чинители на локално ниво, и нивната проактивност во процесот делува како дополнителен поттик за заинтересираните потенцијални згрижувачи.

Во областа Пијанец засега има едно згрижувачко семејство, но потенцијалот како што посочија од СОС Детско село е далеку поголем за што веќе се регистрирани 3 нови заинтересирани згрижувачки семејства. Едно од нив е семејството Мирчевски, за кое да се биде згрижувач е гордост, но и голема обврска.

-Горди сме на некој начин што можеме да згрижиме дете, сметаме дека тоа е и хумана работа. Апелираме до сите кои имаат можност и ги исполнуваат условите да не се двоумат и да станат згрижувачи, истакна згрижувачот Стефан Мирчевски.

Денешниот настан во Делчево се реализираше во рамки на националната кампања „Подај рака-стани згрижувач“ во организација на СОС Детско село, МТСП и Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „11 Октомври.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*