
Во недела во The Club Делчево ќе се одржи локален 9 ball билјард турнир на кој засега се регистрирани околу 15 натпреварувачи.
Учеството на турнирот е 1000 денари, со обезбеден награден фонд за најдобрите.
За натпреварувачите во тек на натпреварувањето обезбедени се храна и пијачки од спонзорите.
Организаторите упатија отворена покана до сите љубители на овој спорт да присуствуваат на настанот кој ќе се одржи во недела на 9 октомври 2022 година.

Leave a Reply