
На литературниот конкурс „Жуборење од Радика“, во организација на Здружението за афирмација и развој на реканскиот крај членови и редовни читатели во ЈЛБ „Илинден“ Делчево освоија прва награда, соопштија од ЈЛБ ,,Илинден”.
Сара Ангелова и Андреа Димитровска се закитија со прва награда од публика.Браво девојки! Вие сте наша гордост, навистина ни е многу мило што не само на конкурси што ги распишува ЈЛБ „Илинден“ туку и на други литературни конкурси во државата, учествувате и земате награди.
Делчево треба да се гордее што има вакви млади таленти на убавиот пишан збор додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.
-Сара и Андреа се девојки кои од мали нозе творат, а нивните творби секогаш се полни емоции и естетски вредности. Учествувале скоро на сите литературни конкурси што ги распишува библиотеката и секогаш биле наградувани.
Честитки и продолжете да творите. Поддршката од ЈЛБ„Илинден“ секогаш ќе ја имате, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Leave a Reply