
Деновиве започна реконструкцијата на санитарните јазли во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево. Согласно со проектот, реконструкцијата предвидува промена на водоводната инсталација, поставување нова санитарна опрема и плочки во сите 12 тоалети во училиштето, а предвидена е и изградба на два тоалети за ученици со посебни потреби.
Инвестицијата на реконструкцијата е на МОН, а вредноста е 6.608.000 ден.

Pеализацијата на овој проект е продолжување на досегашните инвестиции кои се во насока на осовременување на условите за работа во училиштето. Паралелно со реконструкцијата на санитарните јазли, со средства од Договор со ТАВ, интензивно се работи и на изградба на енрегетско-ефикасна фасада во ООУ „Ванчо Прке“, а се гради и комплетно нов кров во делот од училиштето оштетен од невремето, рече градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид во работите.

-Нашата интенција како локална власт и со поддршка на централната власт и МОН е да направиме современи училишта, каде ќе има одлични услови за работа и за натпревар во знаења, додаде делчевскиот градоначалник.

Како што потенцираше директорот Горан Велков, училиштето прв пат ќе добие санитарни јазли наменети за ученици со хендикеп, а училиштето веќе изработува нов проект за инсталирање лифт со што ќе се овозможи полесен пристап до вториот кат од училиштето.
Leave a Reply