
По повод 16-ти октомври Светскиот ден на гладта, во ООУ “СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” ДЕЛЧЕВО ќе се реализира ученичка иницијатива – хуманитарна акција за собирање на прехрамбени продукти.
Ги повикуваме учениците, наставниците, граѓаните и правните субјекти да се приклучат кон нашата хуманитарна акција и да донираат прехрамбени продукти на пунктот во нашето училиште на ден 14.10.2022 год.( петок) во периодот од 11 до 13.30 часот
Собраните прехранбени продукти ќе бидат поделени на ученици од нашето училиште кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.
Меѓународниот ден на гладта во светот се одбележува за да се подигне свеста на луѓето за проблемот со гладта и има за цел да ги инспирира луѓето да ја покажат својата солидарност и да дадат подршка многу луѓе да го надминат проблемот со гладта и сиромаштијата .
Секое дете го има основното право да биде здраво и нахрането , но во светот многу деца секојдневно се гладни.
Да направиме некое добро дело, без очекувања и награди ,сигурни дека еден ден некој може истото да го направи и за нас- мисла на Принцезата Дијана
НИЕ ПРАВИМЕ МАЛИ ДЕЛА , НО СО ГОЛЕМА ЉУБОВ !!!!!, се вели во објавата на ООУ ,,Св.Климент Охридски”.
Leave a Reply