Концерти на АКУД ,,Мирче Ацев” и КУД ,,Н.Ј.Вапцаров” в сабота вечер во Делчево

Во организација на Националната установа Центар за култура ,,Н.Ј.Вапцаров” на 15 октомври 2022 (сабота) целовечерен концерт ќе одржат АКУД „Мирче Ацев „ и Фолклорната група „Вапцаров“.

Фолклорниот ансамбл негува народни песни и ора од Македонија. Богатата ризница на народното творештво, создавана со векови на македонското поднебје, ја афирмира со учество на многу фестивали во Европа и во светот, добивајќи врвни признанија. Хорскиот ансамбл освоил повеќе први места на меѓународни фестивали, меѓу кои, во Ланголен и Мидлсброу, Англија

Во досегашниот период, Друштвото успешно има настапувано во повеќе земји: Бугарија, Грција, Романија, Италија, Австрија, Чешка, Полска, Германија, Франција, Англија, Ирска, Турција, Шведска, Шпанија, САД и Австралија.

За постигнатите успеси, АКУД „Мирче Ацев“ е добитник на Орден со сребрени зраци, доделен од Претседателот на бившата југословенска држаава
Во досегашното, над 70-годишно постоење, членувале над 7.000 членови, изведени се повеќе од 5.000 концерти, а настапите ги следела публика од над 5.000.000 луѓе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*