,,На муабет” – Ново освежување на македонската јутјуб сцена

Ново освежување на македонската јутјуб сцена.
Во последните неколку денови се појавија повеќе видеа на социјалните мрежи каде што можеме да видиме луѓе, одбрани по случаен избор, како одговараат на некои интересни прашања. Се работи за новиот јутјуб канал на муабет (@namuabet).

Концептот и форматот на видеата се состои од учесници избрани по случаен избор, кои одговараат на повеќе интересни прашања од најразлични теми во животот: забавни, лежерни па и некои што би спаѓале во табу теми кај нас.
Моментално можете да го најдете каналот на социјалните медиуми јутјуб, тикток и инстаграм под името namuabet, каде ја објавуваат својата прва сезона, а веќе се зборува за можноста дека наскоро ќе се снима и втората.

Видеата може да ги погледнете на следниот линк:

https://www.youtube.com/channel/UCupfb8J7dSqNenYlRIedKgQ

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*