Голем интерес за хуманитарно-собирната акција во ООУ ,,Св.Климент Охридски” по повод Светскиот ден на гладта

 Во Делчево заврши хуманитарно-собирната акција организирана по повод Светскиот денот на гладта. Акцијата се организираше во просториите на деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево, каде во рамки на истата беа донирани парични средства, прехранбени производи, како и средства за лична хигиена и домаќинството.

-Целта е да се подигне свеста кај луѓето за проблемот со гладта и да ги инспирираме учениците, родителите, наставниците и сите граѓани да ја покажат својата солидарност. Им се заблагодаруваме на сите општествено-одговорни лица кои придонесоа оваа наша акција да биде успешно реализирана, додаде ученикот Дамјан Радевски.

-Со оваа наша иницијатива сакаме да покажеме дека сме активни одговорни и хумани граѓани во заедницата во која живееме, а ведно ќе им помогнеме на учениците од нашето училиште кои потекнуваат од социјално загрозени семејства, истакна Елена Алексовска, учесник во акцијата.
Хуманитарно-собирната акција се реализираше под мотото „Ние правиме мали дела, но со голема љубов“.

Од училиштето „Св.Климент Охридски“ Делчево на чија иницијатива се реализира хуманиатрно-собирната акција додадоа дека собраните продукти и парични средства во наредниот период ќе бидат дистрибуирани до семејствата од ранливите категории.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*