
Со почеток во 14:00 часот, на стадионите во истокот денес ќе се одиграат натпреварите од шестото коло во Третата фудбалска лига – Исток.
Најинтересниот натпревар во ова коло денес се игра во Делчево, каде во Пијанечко-малешевското ,,ел-класико” на Градскиот стадион ,,Хоце Делчев” ќе се сретнат екипите на Брегалница Делчево и ОФК ,,Малеш” од Берово.
За домаќините приоритет ќе биде да се задржи одличниот ефект на домашен терен, каде делчевчани не знаат за пораз, а во слична позиција се беровчани, кои досега немаат пораз на гостински терен.
Оваа средба несомнено ќе го предизвика интересот и кај домашната, но и кај гостинскоте навивачи, што отсекогаш било каралтеристика кога играле двете екипи.
Фудбал ќе се игра и на останатите терени, а еве го распоредот за денешното 6 коло во Третата гудбалска лига Исток:
Двојки за 6-тото коло:
„Брегалница“ (Д) – „Малеш“
„Овче Поле“ – „Осогово“
„Дојранско езеро“ – „Победа“ (В)
„Спартмани“ – „Тиверија“
„Академија Чешиново-Облешево“ – „Вардарски“
„Рудар – Карбинци“
Leave a Reply