Адаптиран детски простор во Јавната локална библиотека ,,Илинден” во Делчево

Кога ќе се трудиш да работиш домаќински па и покрај се, ќе заштедиш некој денар, па со него ќе направиш нешто корисно, не може да не се радуваш. Со оглед на тоа колку простор има ЈЛБ„Илинден“ или колку недостасува,мило ни е што сепак успеавме да направиме еден вид на детско катче, кои искрено посакуваме да им се допадне на нашите најмали читатели. Овој простор беше темен некако натрупан и не искористен правилно. Од денес е светол, шарен, полн басни, сликовници, боенки и разни содржини за деца.
Освен што претставува волшебен портал до нови светови, читањето е и фундаментална активност за развој на децата.

Од суштинско значење е децата да читаат уште од најмала возраст. На тој начин ќе ја засакаат книжевноста и ќе станат страсни читатели во текот на животот.

Со создавањето на овој детски простор во библиотеката, сакаме да ги мотивираме и натераме децата да бидат наши членови , да сакаат да доаѓаат во библиотеката, да сакаат да читаат и да ја сакаат книгата.
Една книга на ден и здрав си како дрен.!
Дечиња ве очекуваме, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден” Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*