
Женскиот кошаркарски клуб ,,Патриот” со победа стартуваше во новата сезона во Првата Б лига. Во првото коло во натпревар одигран во спортската сала ,,М.М.Брицо” делчевки ја совладаа Ринија со 52:34.
Три од вкупно 4 четвртини им припаднаа на димашните кошаркарки што беше и пресудно за победата (18:6, 10:4 и 13:4), а единствено во последната четвртина гостинките успеаа да го намалат претходно постигнатото водство на делчевски и со 11:20 во последната четвртина да ја намалат разликата во конечниот епилог поставувајки го конечниот резултат 52:34.
-Шампионките од М-16 кои 10 од 12 кошаркарки имаа право за настап, подзасилени со капитенот Елена Ангеловска успеаа рутинирано да ги победат кумановчанки. Најдобри во нашиот тим беа Ана Ангеловска со 22, Елена Ангеловска со 10, Теодора Атанасовска со 4 поени и 10 скока, репрезентативката во М15 Мелани Стоименовска со 6 поени, Радмила Стоименовска со 5 поени, информираше тренерот на делчевки Љупчо Петровски.
Им честитаме на девојките за победата и им посакуваме многу успех во Првата Б Лига.
Leave a Reply