Се подготвува новата стратегија за родова еднаквост за општините од Пијанечко-малешевскиот регион

Преку проектот „Стој цврсто за родова еднаквост“ во организација на НОВ КХАМ, а финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation, комисиите за еднакви можности на општините Делчево, Пехчево и Берово започнаа со подготовка на новата стратегија за родова еднаквост и на новите акциски планови, како документи кои треба да помогнат за унапредување на состојбата со родовата еднаквост на жените и мажите во општините.

Во насока на зајакнување на капацитетите на членовите на КЕМ како фактор за сензибилизирање на граѓаните за родовата еднаквост, како чинител на локалниот економски и општествен развој, деновиве во Струмица се одржа првата обука наменета за членовите на КЕМ и на општинската администрација на која акцент беше ставен на интеграцијата на родовата перспектива, родово одговорно буџетирање, улогата КЕМ и креирање родовосензитивни политики на локално ниво.

Предавач на обуката беше доц.д-р Весна Поповска, универзитетска професорка.

Инаку, Општините Делчево, Берово и Пехчево со поддршка на НВО КХАМ и The Kvinna till Kvinna Foundation, ја изработија и првата Стратегија за родова еднаквост и акциските планови, документи кои ја дадоа насоката на работа на КЕМ во сферата на родовиот концепт и прашањата за родовата еднаквост во 4-те сфери: Човековите права и родовата еднаквост во областите политика, родово базирано насилство, економија, потоа партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики, едукација на населението за родовата еднаквост и еднаквите можности на мажите и жените, како и институционален развој и организациско јакнење на комисиите за еднакви можности во регионот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*